Селото Lekenik е лоцирано во северниот дел на округот Sisak – Moslavina. Lekenik веќе има одредени добро развиени мали и средни претпријатија. Со отворањето на бизнис-зоната Lekenik и проширувањето на бизнис-инфраструктурата, се очекува бизнис-климата на општината да зајакне уште повеќе.

Општи информации
Име Lekenik
Држава Croatia
Округ Sisak-Moslavina County
Поштенски број 44272
Број на домаќинства 617
Број на жители 1898
Површина (km2) 224,4

Локално место за информации
Лице за контакт Ivan Mužek
Адреса Zagrebačka Street 44, 44272 Lekenik
Телефонски број 00 385 (0) 44 527 814
Електронска пошта ivan.muzek@lekenik.hr
Веб-страница на селото www.lekenik.hr

Достапен потенцијал на биомаса

Општината Lekenik е покриена со шуми, каде што дабот е доминантен на ниските површини (котлини), а буката во планинските предели. Дрвото од шумите, кои се најмногу во државна сопственост, се користи за греење (огревно дрво), но и како градежен материјал и материјал за производство на мебел. Приватните шуми се експлоатирани од нивните сопственици, со потребната согласност и контрола од страна на Хрватската шумска администрација (Шумска канцеларија Lekenik) и тоа најмногу за греење (огревно дрво). Општината има голем потенцијал за производство на дрвна биомаса.

Постојните дрвни индустрии во општината можат, исто така, да обезбедуваат дрвна биомаса од остатоци (“Zec Promet”, Elgrad Ltd. lekenik, Eduro ie. Klizi Ltd, Interijer Color Ltd…). Исто така, возможно е да се приклучат и Хрватската шумска администрација, Шумската канцеларија Lekenik и други помали ентитети во сечењето и продавањето на огревно дрво.

Mотивација за станување биоенергетско село

Селото Lekenik има одредени јавни институции (градинка, школо, здравствен центар и др.) кои се сместени на релативно мала површина. Тоа отвора можност за работа на централна електрана на биомаса со најмали можни загуби во преносот и дистрибуцијата. Со основањето на електрана на биомаса, јавните згради ќе бидат целосно снабдувани со топлина и електрична енергија од обновливи извори на енергија. Покрај тоа, домаќинствата низ селото можат, исто така, да бидат поврзани.

Дополнителни придобивки ќе се постигнат преку зголемување на квалитетот на живот, зачувување на животната средина, како и преку енергетски и финансиски заштеди. Понатаму, ќе се активира производствениот сектор, но и земјоделскиот сектор, кој ќе има придобивки од инвестициите во производството на биомаса и одгледувањето на енергетски култури.

Користиме енергија од нашата околина – ајде да станеме BioVill!

Слоган за станување биоенергетско село