Селото Ghelinţa (на унгарски јазик: Gelence, на германски јазик: Gälänz) е лоцирано во општина во округот Covasna, во источниот дел на Романија. Се состои од две села, Ghelinţa и Harale. Селото е дел од териротријата Székely, етно-култоролошки регион на историската провинција Трансилванија.

Општи информации
Име Ghelinta
Држава Romania
Округ Covasna
Поштенски број 527090
Број на домаќинства 1700
Број на жители 4722
Површина (km2) 110.2

Локално место за информации
Лице за контакт Cseh József
Адреса Main Street nr. 345, Ghelința, Covasna County, Romania
Телефонски број (+4) 0267-345002
Електронска пошта gelence_tanacs@yahoo.com
Веб-страница на селото gelence.info/index.php/hu/

Потенцијал на биомаса (шумска биомаса, енергетски култури, остатоци, ѓубре и др.)

Достапноста на биомасата се смета за добра, бидејќи постојат големи количества на шуми (6430 ha) и шумски производи и за извоз и за домашен пазар. Неколкуте работилници за обработка на дрво во тој регион придонесуваат за обилни количества на нуспроизводи од дрво. Покрај тоа, постојат овоштарници на површина од 38 ha и пусто земјиште на површина од 26 ha (соодветно за одгледување на енергетска врба). Резултати од некои истражувања покажуваат дека постојниот потенцијал на биомаса достигнува до 98.98% од сите локални обновливи извори на енергија. Во Ghelința, вкупниот потенцијал на биомаса е 219.18 TJ годишно. Поточно, локалните годишни извори на енергија се распределени на следниот начин:

слама – 29.65 TJ годишно, шеќерна репа – 3.13 TЈ годишно, отпадно дрво од овоштарници – 3.76 TJ годишно, отпадно дрво од цепење и струготини од пилани – 55.47 TJ годишно, локална отпадна кал – 4.98 TЈ годишно, енергетски врби – 26 ha, пусто земјиште – 83.72 TЈ годишно, локален отпад – 4.70 TJ годишно.

Биоенергетски инсталации и поврзани индустрии

Во селото, голем број на домаќинства имаат инсталирано мали системи за централно греење. Локалните јавни згради се греат на класични котли за огревно дрво. Иако постои добро развиена дрвна индустрија, инфраструктурата за користење на нуспроизводите од истата не е развиена сè уште.

Мотивација за станување биоенергетско село

Ние мораме паметно да управуваме со суровините на биомаса, кои не се искористени до денес. Со употреба на локални обновливи извори на енергија, можеме да постигнеме одржливо управување со шумите. Исто така, ние сме способни да ги задоволиме потребите за топлинска енергија со употреба на локално произведени дрвени чипсови и дрва. Новиот зелен бизнис дозволува да се создаваат нови работни места, кои ќе осигураат високо ниво на учество на јавноста. Проектот BioVill ќе биде од голема корист за развој на нашата локална биоенергетска стратегија и почеток на создавање на локален синџир за снабдување со енергија. Ќе развиеме зелено и паметно село.

Слоган за станување биоенергетско село

Производство при заштита на природата!

Слоган за станување биоенергетско село