Во просториите на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) во Скопје, се одржа состанок на работна група назначена за подготовка на техничка документација за првата фаза на проектот за мал систем за централно греење на биомаса во Кичево, на 14 септември 2018 година. Соработници од две проектантски компании (РЕХАУ Македонија и Доминус) изразија интерес за понатамошно учество во планирањето и реализацијата на проектот во Кичево.