Биоенергетскиот концепт развиен во Кичево беше презентиран во Регионалната комора на Кичево – локалното информативно место на проектот BioVill, за време на состанок со раководителот на Секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, одржан на 8.6.2018 година. Презентацијата предизвика голем интерес кај 15 претставници на локалната заедница и ЕУ. Локалното одговорно лице на проектот BioVill побара поддршка и помош за целосна реализација на проектот во Кичево.