Втор состанок во рамките на проектот BioVill

Целните села во Југоисточна Европа се избрани

Партнерите во проектот се сретнаа на вториот состанок на 30 јуни и 1 јули 2016 година, во Белград. Состанокот беше организиран од страна на GIZ (Германско здружение за меѓународна соработка) и беше одржан во просториите на SCTМ (Постојана конференција на градовите и општините). Направен е значаен напредок во однос на собирањето најдобри практики од Германија, Австрија и други европски земји, како и селекција на целните села на BioVill во Македонија, Романија, Словенија, Србија и Хрватска.

Партнерите во проектот известија за најдобрите практики од биоенергетските села во Австрија, Германија и други европски земји. Примерите со најдобри практики овозможуваат да се дојде поблиску до економските и техничките спецификации на веќе постојните биоенергетски села. Извештајот ќе биде публикуван на почетната страница од веб-страницата на BioVill наскоро.

Read More


Проектот BioVill започна!

Почетниот состанок се одржа во Фрајзинг – Германија

Голем број земји од Југоисточна Европа имаат големи потенцијали за добивање енергија од биомаса, но многу често тие не се искористени или се недоволно искористени за локално снабдување со енергија и регионален економски развој. Биоенергетските села ги задоволуваат своите потреби за енергија главно преку производство на енергија од локалните извори на биомаса. Биоенергетските села придонесуваат за заштита на климата и животната средина и ја зајакнуваат локалната и регионалната економија.

Проектот BioVill е ко-финансиран и поддржан од Европската Унија во рамките на програмата за истражување и иновации – Horizon 2020 и е создаден со цел да го поддржи развојот на регионалните концепти за биоенергија и воспоставувањето на биоенергетски села во Македонија, Романија, Словенија, Србија и Хрватска. Ова ќе се постигне преку идентификација на синџири за биомаса кои ќе соодветствуваат на локалните и регионалните потреби и преку пренесување на постојните искуства од Австрија, Германија и други европски земји на партнерите од Југоисточна Европа.

Read More