Втор настан за споделување на знаења и искуства стекнати во текот на проектот Биовил беше одржан во Општина Делчево, како заедница-следбеник на Кичево во Македонија, на 13 септември 2018 година. Настанот собра претставници на локалната самоуправа, образовните институции, невладиниот сектор, јавната шумска служба и еден пратеник, кои дискутираа за опциите за имплементација на пристапот на биоенергетско село во регионот на Делчево.