Целта на проектот BioVill е да ги пренесе и адаптира искуствата стекнати во земјите каде што веќе постојат биоенергетски села (Австрија и Германија), на земји со помалку примери во овој сектор (Македонија, Романија, Словенија, Србија и Хрватска). Проектот го поттикнува развојот на биоенергетскиот сектор во избраните целни земји со зголемување на улогата на локално произведената биомаса како главен извор во снабдувањето со енергија на локално ниво, земајќи ги предвид можностите за продор и ширење на пазарот на локалните фармери, производителите на дрво или малите и средните претпријатија.

Главните активности на BioVill вклучуваат технолошки и економски испитувања на целните села, застапеност и активна вклученост на чинителите и граѓаните, развој на локалните биоенергетски синџири и технологии, како и градење на капацитети за финансиски шеми и бизнис-модели. Исходот од проектот BioVill е иницирање на биоенергетски села во Македонија, Романија, Словенија, Србија и Хрватска, сè до фаза на инвестирање.

BioVill е тригодишен проект поддржан од програмата на Европската Унија за истражување и иновации, Horizon 2020. Проектот започна во март 2016 година во соработка со 9 партнери од целните земји, како и од Австрија и Германија.

Наслов на проектот Биоенергетски села (BioVill) – Зголемување на продорот на пазарот на одржлива биоенергија
Почетен датум 01/03/2016
Краен датум 02/2019
Времетраење во месеци 36
Буџет 1.998.917,50 Euro