Партнерот во проектот BioVill KEA неодамна издаде прирачник со упатства за можни опции за финансирање, работни и сопственички модели и договорни прашања помеѓу различните актери вклучени во развојот на едно биоенергетско село.

Прирачникот обезбедува сеопфатни насоки околу мерките за штедење на енергија во згради, како и за имплементацијата на системи на обновлива енергија за производство на електрична и / или топлинска енергија во биоенергетските села. Нагласувајќи го социјалниот ангажман на иницијаторите, прирачникот ги опфаќа различните фази и предизвици во текот на развојот на едно биоенергетско село. Препораките и сознанијата произлегуваат од долгогодишното искуство во основањето и развојот на биоенергетските села во Германија и Австрија. Тие содржат и генерички информации за тоа како да се иницира едно биоенергетско село, како и бизнис-модели кои се опишани во детали со цел да се илустрираат конкретни пресметки.

Прирачникот може да се преземе тука.